ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 12.02.2020 во 14.15 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Д.Липовиќ кон с.Г.Липовиќ, на место викано „Дебела бандера“, М.М.(67) од село Ракитец, општина Конче, управувајќи мотоцикл „шерк 110“ без регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – На 12.02.2020 во 14.15 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Д.Липовиќ кон с.Г.Липовиќ, на место викано „Дебела бандера“, М.М.(67) од село Ракитец, општина Конче, управувајќи мотоцикл „шерк 110“ без регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата, соопштија денеска од МВР, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Радовиш.

На 12.02.2020 во 15.30 часот било пријавено дека на влез во скопското село Миладиновци, товарно моторно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.Т.(56) од Радовиш, удрило во полициски службеник, кој извршувал работни задачи. Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Полициски службеници од СВР Битола на 12.2.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека едно лице управувало возило без да поседува возачка дозвола, брзината ја надминале шест возачи, тројца возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле отстранети од сообракај, две возила биле нерегистрирани, сигурносен појас не користел еден возач. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Во текот на изминатиот ден (12.02.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај бил исклучен еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Во текот на изминатиот ден 61 возило биле подигнати со специјално возило „пајак”.

На 12.02.2020 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возила кои вршат јавен превоз на патници. Во акцијата биле констатирани два прекршоци за кои се изречени соодветни санкции.

На 12.02.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ј.(67) од Скопје пријавила дека на ул.„Перо Наков“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 12.02.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, Р.Н.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 12.02.2020 во 14.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на поранешна сендвичара на ул.„Дрезденска“ во Скопје било пронајдено починато лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а идентитетот на лицето се уште не е познат. Се претпоставува дека се работи за бездомник, бидејќи во објектот имало импровизиран кревет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 12.02.2020 околу 20.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кратово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Глигор Пазавански“ во Кратово, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66). Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. цр/

Back to top button
Close
Close