0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 11.02.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Е.Х.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА)На 11.02.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Е.Х.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.02.2020 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лазар Личеноски“ го лишиле од слобода К.Т.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.02.2020 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Демир Трајко“ го лишиле од слобода М.М.(20) од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.02.2020 во 23.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Јужен булевар“ го лишиле од слобода П.М.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.02.2020 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Гвадалахара“ ги лишиле од слобода Е.С.(29), Ф.К.(34) и Е.Е.(31), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ш.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 24.11.2019 на паркинг простор на бул.„Јуриј Гаргарин“ во Скопје, Ш.Д. со тврд предмет го скршил предното стакло од патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети и се стекнал со противправна имотна корист од околу 65.000 денари. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот е сторител на делото, а по извршен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното делото.

На 11.02.2020 во 23.45 часот на автопатот Демир Капија – Неготино од слобода бил лишен С.З.(43) од Р.Србија, кој управувал товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, затоа што при контрола на возилото полициски службеници пронашле 22 лица-мигранти (двајца од Бангладеш, двајца од Индија и 18 од Пакистан). Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.

Полициски службеници од СВР Битола на 11.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека брзината ја надминале шест возачи, тројца биле под дејство на алкохол, двајца возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило и двајца возачи не поседувале возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Во текот на 11.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што од сообраќај се исклучени три возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и две возила бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден, 49 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 11.02.2020 во 18.00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ш.Ш.(74) од Охрид, товарно возило „даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од E.М.(45) од Р.Турција и патничко возило „сеат алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од А.Л.(26) од с.Лабуништа, струшко. Во незгодата, возачот Ш.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

На 11.02.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(78) од Скопје пријавил дека на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 11.02.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, В.С. пријавил дека, додека со сопругата Г.С.(50) се движеле по улица во кругот на гробиштата Камник, таа паднала во отворена шахта и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

На 11.02.2020 во 12.35 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close