ХроникаХроника.Портал

МВР-билтен

На 10.02.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на местото викано „Видиковец“ на Водно го лишиле од слобода С.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) На 10.02.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на местото викано „Видиковец“ на Водно го лишиле од слобода С.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.02.2020 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, при извршен преглед кај О.С.(22) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.02.2020 во периодот од 19.40 до 20.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, по претходна судска наредба, извршиле претрес во соба од хотел во Гостивар, при што биле затекнати Р.А.В.(36) и У.А.А.(30), двајцата од Руската Федерација, а при претресот била пронајдена и марихуана. Пронајдените предмети биле одземени, а двајцата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

На 10.02.2020 во 18.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“, при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција, било констатирано дека Ф.Р.(28) од с.Арачиново, Скопско, се наоѓал на листата со мерка „апси“, по барање на Основен суд Скопје 1, поради сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за спровод до Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.

На 10.02.2020 во 16.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Л.Б.(36) од Косово, затоа што при извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 10.02.2020 во 18.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Т.(64) од с.Орешани. Според пријавеното, додека работел во фирма на бул.„Борис Трајковски“, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници, а бил известен и трудов инспектор.

Полициски службеници од СВР Битола на 10.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека седум возачи не поседувале возачка дозвола, брзината ја надминале четири возачи, четири возачи биле под дејство на алкохол и еден возач разговарал на мобилен телефон додека управувал возило. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 10.02.2020 во 12.10 часот на обележан патен премин кај стојалилште Ногаевци се случила железничка незгода во која товарeн воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Градско, удрил во патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки, кое ја поминувало железничката пруга, а било управувано од Љ.Т.(64) од с.Раштани, Велешко. Од здобиените повреди на местото на незгодата починал М.Ѓ.(24) од с.Ногаевци, додека со тешки телесни повреди се здобиле А.В.(47), С.В.(58), двајцата од Градско и Л.Д.(51) од с.Виничани – Градско, сите сопатници во возилото. Тие биле пренесени во Медицински центар во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

На 10.02.2020 во 07.30 часот во Полициската станица Центар, С.Т.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Максим Горки“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Во текот на 10.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Во текот на изминатиот ден, 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 10.02.2020 во 15.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било примено лице со убодна рана од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од с.Чајлане, Скопско. Според пријавеното, околу 15.00 часот во с.Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од с.Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.02.2020 во 00.20 часот во Полициската станица Аеродром, Т.К.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Анастас Митрев“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака. мд/

Back to top button
Close
Close