0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 10 февруари 2020

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – На 09.02.2020 во 12.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Д.Г.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.02.2020 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Есперанто“, при извршен преглед кај В.М.(23), Д.С.(26) и А.Т.(27), сите од Скопје, пронашле три ножеви. Тие биле приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 09.02.2020 околу 19.50 часот на влезот во с.Шемшово, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода албанските државјани А.Д.(57) и А.Б.(35), кои непријавено престојувале на подрачјето. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово, по што биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

На 09.02.2020 во 19.50 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(29) од Скопје, удрило во пешак Т.С.(48) од Скопје. Во незгодата, Т.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.02.2020 во 12.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, пред крстосница за с.Ростуше, товарно возило „ивеко“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(56) од с.Стримница, општина Желино, излетало од патот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Полициски службеници од СВР Битола за време на викендот извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека осум возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, осум возачи не поседувале возачка дозвола, брзината ја надминале четворица возачи и 13 биле под дејство на алкохол. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 09.02.2020 околу 15.00 часот на крстосницата од регионалниот пат Делчево – Берово и ул.„Јулија Веселинска“ во Пехчево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со беровски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(43) од Пехчево и патничко возило „сеат леон“, со беровски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пехчево. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Е.П.(76) од Пехчево, сопатничка во возилото „фолксваген голф“ и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.

На 09.02.2020 во 16.50 часот во Полициската станица Аеродром, И.В.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Во текот на 07, 08 и 09.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкционирани се и еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци. Во однос на пешаците, санкционирани се 21 пешак. Во текот на изминатите денови 88 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 09.02.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Центар, А.К.(64) од Битола пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. миа/миа/

Back to top button
Close
Close