ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.20 часот во Градскиот парк го лишиле од слобода Е.А.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.20 часот во Градскиот парк го лишиле од слобода Е.А.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 22.20 часот на ул.„Вич“ го лишиле од слобода Т.Б.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во тетовското село Боговиње го лишиле од слобода А.А.(22) од тетовско Јеловјане затоа што при негов и преглед на возилото „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени марихуaна и амфетамини.

А.А. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На спортските терени во населба „Гоце Делчев“ во Куманово вчера околу 17 часот бил пронајден малолетникот за кого претходниот ден (27 јануари 2020) во 19.50 часот неговиот татко А.А.(40) од Куманово пријави дека се оддалечил од домот.

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 11 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, С.Х.(50) од тетовското село Шипковица се повредил при вршење градежни работи.

Тој бил пренесен во велешката oпшта болница,  каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Велес.

Полициски службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа е констатирано дека 13 возачи ја надминале максималната дозволена брзина, четворица возачи управувале нерегистрирани возила, кај четворица возачи констатирано е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообракај, двајца  возачи разговарале на  мобилен телефон додека управувале возило и шест возачи не поседувале возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Во Полициската станица Македонски Брод вчера било пријавено дека во 9.50 часот во Здравствен дом Македонски Брод со повреди бил донесен С.П.(63) од Македонски Брод.

Според пријавеното, тој бил повреден од огнено оружје во одгледувалиште на диви свињи во атар на село Грешница, Македонски Брод, така што Т.Т.(50) од Македонски Брод, вработен како ловочувар, поради невнимание испукал проектил кој го погодил С.П..

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 М.В.(67) од Скопје вчера во 13 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека на ул.„Бранислав Нушиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(50) од Миладиновци, вчера во 18.20 часот на локалниот пат Миладиновци – Илинден удрило во 15-годишен малолетник од Миладиновци кој туркал трицикл.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

При преземени мерки и активности во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје,  од сообраќај е исклученo едно возило бидејќи било нерегистрирано, санкционирани се 24 пешаци,  а 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

К.Ѓ.(55)  од Скопје вчера во 13.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров  пријавила дека на ул.„Црногорска“ била касната од куче скитник во пределот на левата натколеница. хс/

Back to top button
Close
Close