ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА)

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА)На автопатот  Куманово – Граничен премин Табановце, пред клучка за Крива Паланка, вчера во 21:50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „крафтер“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н. А. (39) од Куманово и патничко возило „бмв“, со бугарски национални ознаки, управувано од Н. М. (28) од Куманово. Во незгодата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Полициски службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека еден возач управувал нерегистрирано возило, кај тројца возачи констатирано е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, двајца возачи разговарале на мобилен телефон, двајца возачи не поседувале возачка дозвола и четворица возачи ја надминале максималната дозволена брзина. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Вчера во 14.00 часот на улица „Ката Поцкова’’ во Струмица велосипед удрил во пешак Ц. Т. (68) од Струмица, по што велосипедистот го напуштил местото на незгодата. Ц.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин Табановце, при излез од Р.С.Македонија, поради нерегулиран престој бил приведен А. Б. (68) од Р.Србија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“,  денеска во 01:00 часот на излез од Р.С.Македонија, при пасошка контрола, Ј. К. (19) од Р.Словенија приложил словенечка патна исправа. Притоа, било констатирано дека тој нема остварено влез во нашата држава со словенечката патна исправа. По извршениот разговор, Ј.К. изјавил дека влез остварил на 27.01.2020, на Граничниот премин Блаце, со албанска лична карта на име Ф.Т.(19) и го потврдил овој идентитет. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Во текот на 27.01.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, тројца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Во однос на пешаците, санкционирани се девет пешаци. Во текот на изминатиот ден 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Вчера во 14.30 часот во Полициската станица Центар, А. Р. (32) од Куманово пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. аа/

Back to top button
Close
Close