Хроника

МВР Билтен

На 02.05.2020 во 19,10 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ кај мост “Обединети нации“ го лишиле од слобода Д.П.(31) од Скопје и при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 3 мај 2020 (МИА)На 02.05.2020 во 19,10 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ кај мост “Обединети нации“ го лишиле од слобода Д.П.(31) од Скопје и при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.05.2020 во 17,40 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Кузман Капидан“ по претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на У.И.(37) од Охрид. У.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 02.05.2020 во 14,50 часот во Полициската станица Аеродром Б.С.М.(40) од Скопје, пријавила дека на бул.“Кузман Јосифоски Питу“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 02.05.2020 год. во 12,10 часот во Полициската станица Аеродром Р.П.(63) од Скопје, пријавил дека на ул.“Февруарски Поход“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.бт/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close