ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Вчера во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Б.И.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – Вчера во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Б.И.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Владимир Полежиновски“ го лишиле од слобода Б.Ј.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 22:30 часот на локалниот пат Требош-Палатица, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.И.(35) од тетовско Слатино, затоа што при негов и преглед на возилото „форд“, што тој го управувал, била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Околу 21:30 часот вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода С.Д.(45) од Кавадарци, затоа што бил затекнат како извршува тешка кражба во куќа на ул.„Пролетерска“ во Кавадарци. Тој бил задржан во ОВР Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во периодот од 22:00 часот на 25.01.2020 до 04:00 часот на 26.01.2020 на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата откриени се 15 возачи (ТЕ-8 и ГВ-7), кои управувале возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи, а изготвени им се и соодветни поднесоци. Во оваа контрола, исто така, откриени се и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-12). На 24.01.2020 на подрачјето на Гостивар спроведена е акциска контрола и откриени се 17 возачи кои непрописно претекнувале и ним им биле изготвени прекршочни платни налози.

Вчера во 10:40 часот на улица „1“ во с.Волково, скопско, патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(26) од с.Волково, удрило во пешак Р.Р.(87) од с.Кучково. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 17:55 часот вчера на магистралниот пат Штип – Делчево, во атар на с.Облешево, патничко возило „пежо 206“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.К.(37) од с.Чифлик, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во ЈЗУ Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Струмица било пријавено дека во 08:00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, Н.Н.(64) од Струмица, додека бил на лов заедно со други лица, бил погоден од ловен патрон во пределот на градите. Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Синоќа во 20:33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„391“ во Скопје, по претходна расправија, 15-годишен малолетник бил физички нападнат со дрвен предмет од неговиот татко С.Т.(50) од Скопје, по што настанала физичка пресметка во која малолетникот со остар предмет ги нападнал неговиот татко и сестра А.Т.(22), која се обидувала да ги раздели. Лицата биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Охрид ќе поднесе кривична пријава против М.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено снимање“. На 24.01.2020 околу 23:00 часот, тој неовластено снимал полициски службеници додека извршувале службени дејствија-контрола во угостителски објект во Охрид.фф/

Back to top button
Close
Close