ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Синоќа во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода А.Б.(32) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Скопје, 26 јануари 2020 (МИА)Синоќа во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода А.Б.(32) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода З.З.(46) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Штип, во близина на Подлошка крстосница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од В.Н.(42) од село Амзабегово, патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(35) од село Стар Караорман, патничко моторно возило “туран“ со струмички регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(66) од Виница и патничко моторно возило “туран“ со кочански регистарски ознаки управувано од Б.А.(51) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „сеат“ П.Н., а со телесни повреди се здобил возачот Б.А. по што биле пренесени во ЈЗУ Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 Вчера во 14,20 часот било пријавено дека во село Злетово, Пробиштип на улицата „Македонија“, патничко моторно возило “фолксваген“ со штипски регистерски ознаки управувано од Д.Р. (29) од село Злетово удрило во пешакот З.П. (49) од Злетово. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Вчера во 15,00 часот било пријавено дека во Крива Паланка на улицата “Свети Јоаким Осоговски“ С.С.(22) од Крива Паланка управувајќи такси возило застанал пред маркет со цел во такси возилото да влезат Ѓ.А. (52) и 15-годишна малолетничка од Крива Паланка. Во еден момент возилото тргнало нанапред при што со задното тркало преминало преку левото стапало на малолетничката која стоела до задната врата на возилото. С.С. веднаш застанал и откако влегле во возилото  ги превезол до нивниот дом, а подоцна тие се упатиле во Здравствен Дом во Крива Паланка каде од страна на лекар и била констатирана повреда.

Синоќа во 19,05 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ во билијард клуб 16 годишен малолетник од село Мала Речица, Тетово, по претходна расправија, а потоа и физичка пресметка со остар предмет му нанел убодна рана на 15-годишен малолетник од Тетово. Потоа повредениот малолетник бил пренесен во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Осомничениот малолетник бил приведен во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.скс/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close