ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Ноќеска во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Московска“ го лишиле од слобода П.Ш.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Ноќеска во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Московска“ го лишиле од слобода П.Ш.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 12:20 часот на ул.„Вангел Тодоровски“ ги лишиле од слобода Г.Г.(40) и М.М.(31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 08:00 часот на ул.„Македонски гемиџии“ во Битола, патничко возило „рено меган“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(27) од Битола, удрило во пешаците П.Н.(65) и Ќ.Н.(63), двајцата од Битола. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Полициски службеници од СВР Битола на 22.01.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека двајца возачи управувале нерегистрирано возило, пет возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, а двајца возачи не поседувале возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Вчера во 16:30 часот во Полициската станица Аеродром, В.Г.(33) од Крива Паланка пријавил дека во близина на железничкиот надвозник бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Вчера во 10:00 часот на излез од подземниот паркинг на Трговскиот центар Капиштец и сервисната улица која ги поврзува улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Скопје, едно возило удрило во пешакот Е.Р.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата, Е.Р. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкционирани се и двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден, 56 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Вчера во 13:45 часот во Полициската станица Чаир, И.Л.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓоре Ѓоревски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница. дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close