ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 20.01.2020 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода П.М.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – На 20.01.2020 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода П.М.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.01.2020 во 13.40 часот на ул.„Димитар Туруманџовски“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од с.Инџиково, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. При приведувањето, пријавениот физички ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.01.2020 во 15.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Свети Наум Г.Џ.(39) од Охрид, управувајќи патничко возило „рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Џ.(32) од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

На 20.01.2020 во 09.20 часот на Граничниот премин Аеродром „Свети Апостол Павле“ Охрид, на излез од Р.С.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, бил лишен од слобода M.O.(24) од Р.Албанија, кој приложил грчка лична карта на име Д.T.(23). Тој заедно со одземените предмети бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 20.01.2020 во ОВР Прилеп Д.Д.(60) од Прилеп пријавила дека на ул.„Гога Димитриоска” во Прилеп била касната од куче скитник во пределот на ногата.

На 20.01.2020 во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Кирил и Методиј“, Н.Т.(55) од Велес бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Полициски службеници од СВР Битола на 20.01.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека еден возач бил под дејство на алкохол, при што истиот е отстранет од сообраќај. Двајца возачи разговарале на мобилен телефон, додека тројца други не поседувале возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози. цр/

Back to top button
Close
Close