0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 1 мај 2020 во 16.00 часот, за време на забраната за движење, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар бил лишен од слобода М.И.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и нож на преклоп.

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – На 1 мај 2020 во 16.00 часот, за време на забраната за движење, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар бил лишен од слобода М.И.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и нож на преклоп. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 1 мај 2020 во 17.15 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Индира Ганди“ го лишиле од слобода Ѓ.А.(46) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 1 мај 2020 во 11.35 часот во Полициската станица Центар, Г.Б.(53) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 1 мај 2020 во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“, при извршен преглед кај Ф.И.(25) од Скопје, пронашле нож на преклоп. Тој бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок по Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 1 мај 2020 во 10.40 часот во Полициската станица Драчево, Д.Р.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. см/

Back to top button
Close
Close