0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 15 јануари 2020

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – На 16.01.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„АСНОМ“ го лишиле од слобода М.Т.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.01.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба, го лишиле од слобода Ф.Ж.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.01.2020 околу 21.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар го лишиле од слобода С.Р.(30), затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 15.01.2020 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Видое Смилевски Бато“ ги лишиле од слобода Л.Б.(21) и Н.Д.(26), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.01.2020 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Њуделхиска“, го лишиле од слобода Т.Б.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.01.2020 во 04.50 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ бил лишен од слобода А.Р.(24) од Р.Косово, поради непоседување на документ за идентификација. Лицето е предадено на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи „Север“ за понатамошна постапка.

На 15.01.2020 во 12.20 часот на Граничен премин „Табановце“ бил лишен од слобода Ф.Е.(23) од Р.Турција, кој при пасошка контрола приложил туѓа патна исправа. Лицето е предедено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 15.01.2020 во 16.40 часот било пријавено дека во с.Селце, тетовско, при паркирање на патничко возило во двор од куќа било повредено петгодишно дете од страна на неговиот дедо Ш.Г. Детето се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

На 15.01.2020 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Браилово, прилепско, настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Т.(38) од с.Браилово, при што тој починал на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 15.01.2020 во 14.10 часот во Полициската станица Центар, Е.Ѓ.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Црвена Вода“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Полициски службеници од СВР Битола на 15.01.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека двајца возачи биле под дејство на алкохол, при што истите се отстранети од сообраќај. Покрај ова, двајца возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, а еден возач не користел сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 15.01.2020 во 10.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.Ц.(60) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. миа/миа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close