0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен

СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар на 14.01.2020 до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(29) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на 14.01.2020 до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(29) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Д.Ј. се сомничи дека во текот на овој месец од Република Албанија набавил поголема количина хашиш смола и хашиш масло, која планирал да ја продаде во Скопје и други градови во земјата. На 13.01.2020 околу 19 часот Д.Ј. бил лишен од слобода на магистралниот пат Гостивар – Кичево, бидејќи при преглед на неговото возило „фолксфаген голф“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени шишиња со масло од канабис. Судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар на 14.01.2020 на Д.Ј. му определил мерка притвор од 30 дена.

На магистралниот пат Гостивар – Тетово, во близина на бензинска пумпа на излезот од Гостивар, вчера околу 17 часот полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.Д.(25) и Е.И.(25) од Гостивар и Ф.И.(25) од гостиварска Долна Бањица, бидејќи при нивен и преглед на возилото „фолксфаген голф“, без регистарски ознаки, што го управувал Г.Д., пронајдена е марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Џон Кенеди“ едно лице со закана над вработена одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18:40 часот во Полициско одделение Маврово, Л.А.(43) од Центар Жупа пријавил дека на 11.01.2020, на бензинска пумпа во Маврови Анови, на едно лице му сменил банкнота од евра во денари, но при проверка на банкнотата во менувачница било констатирано дека е фалсификувана. Банкнотата е одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово – Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера спровела акциска контрола. При контролата откриени се и законски санкционирани 30 возачи – прекршители, од кои седум возачи поради тоа што не користеле сигурносен појас, тројца бидејќи немале сообраќајна дозвола, двајца поради тоа што не поседувале зимска опрема, а откриени биле и други видови прекршоци. Поради констатирани прекршоци од сообраќај биле исклучени три возила.

Вчера околу 9:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Б.Д.(44) од Скопје со убодни рани во пределот на грбот. Според пријавеното, повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на ул.„376“, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Д.(53) и неговиот син А.Д.(22), двајцата од Скопје. Околу 6 часот на ул.„Методија Шаторов Шарло“, С.Д., кој бил во алкохолизирана состојба, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои постапувале по претходна пријава, а при обид да го приведат, полициските службеници биле физички нападнати од неговиот син А.Д. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Аеродром за понатамошна постапка.

Вчера околу 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Божидар Аџија“ настанал пожар на тераса од стан во сопственост на К.Ј.(40) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Утрибава околу 2 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во деловен простор на бул.„Партизански одреди“. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје, Б.К.(48) од Скопје, пријавил дека околу 22:10 часот на приземје во ГТЦ во Скопје, три лица со закана им барале пари на неговиот малолетен син и на уште еден малолетник, но откако не нашле, избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 11 часот во СВР Скопје, Б.А.(41) од Скопје, пријавил дека околу 2 часот, додека бил на своето работно место како обезбедување во казино, на ул.„Трифун Хаџијанев“, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.М.(59) од с.Смоларе, општина Ново Село, вработен како референт за сеча во ЈП Национални шуми – Подружница Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 15.07.2019 полициски службеници во с.Двориште – Берово во дворното место на О.М. и Ј.М. пронашле нежигосана бесправно исечена дрвна маса, при што констатирале прекршок по Законот за шуми. Во моментот додека ги изготвувале документите, дошол пријавениот и, незабележувајќи дека во близина се полициските службеници, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во дворното место каде биле наредени нежигосаните дрва со службениот алат ги жигосал.

Полициски службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека двајца возачи биле под дејство на алкохол, при што истите се отстранети од сообраќај. Брзината ја надминале двајца возачи. Еден возач разговарал на мобилен телефон додека управувал со возило, а еден не користел сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози. бк/

Back to top button
Close
Close