ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија). Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА)На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија). Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 14.01.2020 во 10.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар, го лишиле од слобода В.Б.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.01.2020 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево, привеле 17-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.01.2020 во 02.05 часот на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

На 14.01.2020 во 17.40 часот било пријавено дека на ул.„Никола Парапунов“, после крстосницата со ул.„Волгоградска“, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(43) од Скопје удрило во велосипедистот М.Б.А.(64) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Б.А., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 14.01.2020 во 20,30 часот во Полициската станица Аеродром Ј.Г.(42) од Скопје, пријавил дека на бул.„Србија“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака. мс/

Back to top button
Close
Close