0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА)

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА)На 13.01.2020 околу 23.45 часот во гостиварското село Градец, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(22) од с.Топлица, гостиварско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.01.2020 во 09.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во Кисела Вода едно лице со закана од вработениот го одзело дневниот промет и побегнало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштење во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.05.2019 на ул.,,Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило во кое се наоѓал С.Б. од Скопје и кај него пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

На 14.01.2020 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. „Томе Пуре“ во Скопје. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот, во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција на објектот и помошната просторија, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер“, сопственост на Н.С.(52) од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина. Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.

На 14.01.2020 во 00.12 часот во Полициската станица Карпош, С.Т. пријавила дека едно лице физички го нападнало нејзиниот сопруг Д.Т.(38) со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.01.2020 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај поранешен саем бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Б.Б.(34) од с.Глумово врз А.М.(45) од с.Грчец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.01.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ш.С.(23) од Скопје пријавил дека на 13.01.2020 околу 23.45 часот, пред угостителски објект на ул.„Тодор Чангов“, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.01.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, E.С.(32) од Косово пријавила дека околу 14.30 часот на паркинг на бул.„Гоце Делчев“ две лица физички ја нападнале и од нејзиното патничко возило „шкода суперб“, со косовски национални ознаки, ѝ одзеле лаптоп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.01.2020 во 18.40 часот во СВР Скопје, М.А.(36) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот на ул.„Кеј 13 Ноември“ била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.01.2020 во 17.12 часот во СВР Скопје, А.Б.М.(32) од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот на ул.„Кочанска“, поради нарушени меѓусоседски односи, била физички нападната со тврд предмет од Ц.С. (80) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.01.2020 во 02,00 часот во СВР Скопје, од агенција за обезбедување било пријавено дека во казино на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје, неколку лица физички го нападнале Б.А.(40) од Скопје, вработен како обезбедување од агенцијата во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.01.2020 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје едно лице со закана од вработените го одзел дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 13.01.2020 во 07.30 часот во Полициската станица Радовиш, Ж.И. (60) од Радовиш пријавил дека на улица „Самоилова“ во Радовиш бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. миа/миа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close