ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ вчера во 18:10 часот била лишена од слобода Ј. Д. (47) од село Велестово, охридско, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси”, по наредба од Основен суд Гостивар. Таа била предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА)На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ вчера во 18:10 часот била лишена од слобода Ј. Д. (47) од село Велестово, охридско, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси”, по наредба од Основен суд Гостивар. Таа била предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

Вчера околу 19:00 часот кај наплатна рампа Гостивар, на автопат Гостивар – Тетово, од слобода бил лишен Д. Ј. (30) од Скопје, затоа што при претрес во неговото патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници пронашле и одзеле канабис и пари. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.

Денеска во 01:30 часот на крстосницата од улиците „2“ и „10“ во село Миладиновци и локален пат за село Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н. С. (20) од Куманово, излетало од коловозот. На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т. П. (19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Полициски службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека тројца возачи биле под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, едно возило било нерегистрирано, двајца возачи не поседувале возачка дозвола, еден возач зборувал на мобилен телефон. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Денеска во 00.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Mилан Марковиќ“ и „Ловќенска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски реистарски ознаки, управувано од Д. М. (21) од Тетово и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Р. (41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е. А. (62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч. М. (59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 14:40 часот во Полициската станица Аеродром, Љ. А. (64) од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Во село Опеница, охридско, вчера околу 13:00 часот Б. В. (56) од село Опеница, додека управувал трактор без регистарски таблички, изгубил контрола над тракторот и паднал во провалија. Во незгодата, Б.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо Охрид“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Завчера во 11:00 часот во Полициската станица Велес, С. И. (30) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, пријавил дека на Градскиот пазар во Велес бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. аа/

Back to top button
Close
Close