0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Скопје, 12 јануари 2020 (МИА)Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 16.12.2019 пред наплатната рампа во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот кој бил во патничко возило „пежо“, при што пронашле и одзеле кокаин.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.П.(51) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 10.04.2019 во близина на место викано „Пашин мост“ на патот Велес – Чашка, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „опела астра“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Д.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 02.11.2019 на локален пат во с.Белановце, општина Липково, пријавениот со товарно возило „мерцедес“, без лиценца вршел јавен превоз на огревно дрво.

На 11.01.2020 во 11,14 часот во СВР-Штип било пријавено дека на бул.„ЈНА“ во стан во кој живеел Д.П. (42), настанал пожар. При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип од страна на пожарникарите било пронајдено изгорено машко тело.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип и Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.01.2020 во 07,40 часот во атар на с.Студеничани-Скопје во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б. (38) од с.Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (21) од с.Студеничани.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од с.Студеничани. Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од с.Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од с.Студеничани.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

На 11.01.2020 во времето од 18:20 до 20:00 часот од страна на полициски службеници, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, извршен е претрес во домот и помошните простории на лицето И.И (20) во Тетово, живее с.Горно Седларце.

При претресот пронајдени се:13 куршуми, мобилен телефон и пари. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.01.2020 во 00.35 час на ул.Босна и Херцеговина бб,Скопје од страна на припадници на Единицата за интервентна полиција при преземени дејствија и преглед над лицето Е.Р (18) од Скопје, пронајден е нож.

Е.Р. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.01.2020 во 03 часот на ул. 163 бил приведен Б.С: од Скопје кој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“.

Лицето е приведно во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close