ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 20 часот на централното градско подрачје ги лишиле од слобода И.М.(35) и П.Н.(36), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 10 јануари 2020 (МИА) – Вчера во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на централното градско подрачје ги лишиле од слобода И.М.(35) и П.Н.(36), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар ги лишиле од слобода Р.С.(29), Ѓ.Љ.(31), Н.Љ.(28), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена бела грутчеста материја и марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 23:20 часот, синоќа полициски службеници од СВР Скопје во с.Миладиновци го лишиле од слобода Е.Д.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 20:00 часот во близина на Кратово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(28) од Богданци, поради тоа што на регионалниот пат Страцин – Кратово, при преглед во неговото патничко возило „ауди А6 “, со бугарски национални ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти без документи, а по нивно кажување, сите од Египет. Д.С. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија и Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје.

Во 21:20 часот вјера на Граничниот премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода биле лишени Б.Н.(20) и С.Б.(24), двајцата од Република Турција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Вчера во 17:35 часот на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(46) од с.Сарај, удрило во велосипедистот П.В.(63) од с.Волково. Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера во периодот од 13:00 до 17:00 часот на подрачјето на Полициската станица Кавадарци била спроведена контрола на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, констатирани се шест прекршоци и на возачите им биле изречени соодветни казни.

Во текот на вчерашниот ден во 07:45 часот на крстосница од ул.„Боснa и Херцеговина“ и сервисна улица во Скопје, патничко моторно возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(30) од Скопје, удрило во пешакот Љ.Н.(55) од Скопје. Во незгодата, пешакот М.Е. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Полициски службеници од СВР Битола вчера извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека еден возач бил под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај, две возила биле нерегистрирани, пет возачи не користеле сигурносен појас, двајца возачи управувале возило без возачка дозвола. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

Вчера во 19:15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години од Скопје. Во незгодата 12 – годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 – годишното девојче се здобило со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 17:00 часот вчера во Полициската станица Аеродром, Ј.П.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ нејзината 17 – годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close