ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ го лишиле од слобода Л.М.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Скопје, 9 јануари 2020 (МИА) –  Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ го лишиле од слобода Л.М.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На крстосница од ул.„Бошко Јанкоски“ и ул.„Цане Коњарец“ во Прилеп вчера во 13 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(63) од Прилеп и патничко возило „југо корал“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(63) од Прилеп.

Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници од истото возило И.П., М.И. и П.И., по што биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

На Граничниот премин Богородица – Железнички премин ноќеска во 1.30 часот биле приведени М.В.(22) и Б.Е.(28), двајцата од Албанија, при нелегално минување на државната граница од Грција во земјава.

Лицата биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

Р.В.(64) од Скопје вчера во 18.10 часот во Полициската станица Аеродром  пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Б.М. од Република Турција на 7 јануари пријавил во СВР Битола дека бил измамен за сума од 10.000 долари од У.А. од Ресен.

Според пријавеното, тој преку Фејсбук стапил во контакт со У.А., бидејќи сакал да увезе јаболка од Македонија во Турција. Исто така, според пријавата, тие оствариле средба во земјава и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот.

Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје, од која У.А. ги подигнал парите. Како што пријавил Б.М., после тоа У.А. ги исклучил фејсбук-профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Б.З. и В.К., двајцата вработени во угостителски објект во Берово, С.О., вработена во казино во Берово, Н.Р. и нејзиниот син В.М., сопственици на колонијална продавница во Берово, сите од Берово, при примопредавање дневен промет забележале сомнителни банкноти во апоени од 2.000 денари. Пријавиле во 17.40 часот во Полициската станица Берово. 

Со потврда за привремено одземени предмети, од лицата биле одземени шест банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. За настанот биле запознати основните јавни обвинителства во Берово и Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На подрачјето на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден се преземени мерки и активности и од сообраќај се исклучени двајца возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило.

Исто така, санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и пет пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. хс/

Back to top button
Close
Close