ХроникаХроника.Портал

Мвр Билтен

На 30.04.2020 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Н.П.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 1 мај 2020 (МИА)На 30.04.2020 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Н.П.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.04.2020 во 15.45 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ѓ.(39) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.04.2020 во 12.15 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Пехчево, на патот кој води кон Кадица, на место викано „Буковик“, биле пронајдени експлозивни направи, една од минофрлач, калибар 82 мм и една неексплодирана експлозивна направа од топ, калибар 75 мм. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Берово, пронајдените експлозивни направи биле подигнати за понатамошна постапка.

На 30.04.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.З.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Алексо Демниевски“, неговиот 17-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 01.05.2020 околу 01.50 часот во Скопје, на бул.„Гоце Делчев“ настанал пожар во угостителски објект „Фонтана“, сопственост на М.А.(34), при што целосно била опожарена терасата. Повредени лица нема. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран, а увид ќе се врши во текот на денот.

На 30.04.2020 во 08,00 часот во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било пријавено дека од припадници на Армијата на РСМ, во правец на Стојаково-Селемли, во близина на манастир „Св.Трифун“, биле пронајдени две неексплодирани гранати. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување -Струмица, пронајдените експлозивни направи биле подигнати за понатамошна постапка.

На 30.04.2020 во 15,30 часот во Полициската станица Кисела Вода К.К.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.бт/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close