ОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 21.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 98 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, девет возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле со измината регистрација, шест возачи разговарале на мобилен телефон, двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај.

Скопје, 22 јули 2021 (МИА)На 21.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 98 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, девет возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле со измината регистрација, шест возачи разговарале на мобилен телефон, двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 21.07.2021 во СВР Охрид е приведен И.А.(71) од Охрид, бидејќи при преглед извршен на плоштадот „Крушевска република“ во Охрид, кај него е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 21.07.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 92 прекршоци, од кои 19 на подрачјето на Штип, 6 Кочани, 5 Пробиштип, 15 Виница, 8 Делчево, 9 Берово и 30 Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 2 прекршоци за технички неисправни возила и 7 за управување возило без возачка дозвола.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „загрозување на сигурноста“ и  „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од  селото Горно Крушје, ресенско. Пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор.

На 21.07.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Берово, патничко возило „бмв 530-д“, со германски национални ознаки, управувано од В.К.(22) излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Ч.(20), а со телесни повреди се здобила друга сопатничка А.Б.(20), двете од Берово, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Берово.

СВР Струмица на 21.07.2021 презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 45 пречекорувања на брзината, од кои 2 за управување со брзина помеѓу 50 и 70 километри на час над дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 21.07.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани и санкционирани 65 прекршоци, од кои 27 во Велес, 19 во Кавадарци и 19 во Неготино.

На 21.07.2021 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле откриени и санкционирани 34 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-18). Пет од прекршоците се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-3 и ГВ-2) од дозволеното, а преостанатите за пречекорување од 50 до 70 километри на час повеќе од дозволеното. Во акциската контрола биле санкционирани и 5 (ТЕ) прекршоци во населено место, во кои прекршителите возеле за 30 до 50 километри на час повеќе од пропишаната брзина.

На 21.07.2021 во 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека  на  регионален пат с.Јегуновце – с.Радуша се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Р.(70) од с.Теарце-Отушиште и мотоцикл „хонда“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(65) од с.Доброште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

На 21.07.2021 во СВР Битола, О.Т.  од с.Оревоец, прилепско, пријавил дека при вршење на ископ во нива во селото пронашол граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување артилериската граната калибар 105мм, која потекнува од Втората светска војна, била безбедно подигната.

На 20.07.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Христијан Тодоровски Карпош” и ул.„Ферид Бајрам” во Скопје, патничко возило „бмв“, удрило во пешакот З.Ш.У.(55) од Косово, со живеалиште во Скопје, по што го напуштил местото на незгодата. На повредената ѝ  била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од с.Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на р.Вардар, во атар на с.Црвени Брегови, паднало во реката. Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 21.07.2021 околу 11.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во Градски парк во Велес Ц.Т.(26) бил каснат од куче – домашен миленик, оставено без надзор. Против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на изминатото деноноќие (21.07/22.07.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 33  прекршоци. оџ/лв/

Back to top button
Close
Close