ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 11.12.2019 околу 19.30 часот на локалeн пат за с.Габрово, струмичко, кај место викано Габровски водопад и на регионалниот пат Струмица – Банско, кај с.Свидовица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Т.П.(20) од с.Муртино, кој управувал патничко возило „крајслер војаџер“, со струмички регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица - мигранти од Сирија и З.А.(22) од с.Банско, кој управувал патничко возило „бмв Х5“, со струмички регистарски ознаки.

Скопје, 13 декември 2019 (МИА) – На 11.12.2019 околу 19.30 часот на локалeн пат за с.Габрово, струмичко, кај место викано Габровски водопад и на регионалниот пат Струмица – Банско, кај с.Свидовица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Т.П.(20) од с.Муртино, кој управувал патничко возило „крајслер војаџер“, со струмички регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица – мигранти од Сирија и З.А.(22) од с.Банско, кој управувал патничко возило „бмв Х5“, со струмички регистарски ознаки. Во врска со настанот, од слобода биле лишени и С.Ѓ.(25), од с.Муртино, Е.М.(30) од с.Банско и Д.М.(25) од с.Банско. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.12.2019 во 22.05 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Т.(19) од Албанија, бидејќи се наоѓал на „стоп листа“, со мерка за задржување, а при преглед во автобусот каде што седел била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга за поматамошна постапка.

На 12.12.2019 во 22.00 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.С.(31), Р.Н.(26) и М.М(29), сите од Србија поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ во продажен објект во хотел во близина на граничен премин „Богородица“. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Во текот на 12.12.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што од сообраќај се исклучени осум возачи, од кои: три возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и шест возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло. Во однос на пешаците, санкционирани се четири пешаци, поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови 72 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 12.12.2019 во 06.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, на крстосницата на ул.„Пролетерска“ и магистралниот пат во Росоман, се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(45) од Штип и патничко возило „фолксваген шаран“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(49) од Кавадарци. Во незгодата, со повреди се здобиле возачот на патничкото возило и сопатниците С.Ф.(52) од Неготино, С.П.(38) од Кавадарци, К.Ј.(46) од Неготино и С.П.(76) од Кавадарци и биле пренесени во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот.

На 12.12.2019 во 18.55 часот на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З.(36) од с.Врапчиште, гостиварско, удрил во пешакот Ј.П.(77) од Гостивар. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

На 12.12.2019 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Пиринска“ бил пронајден М.С.(14) од Скопје, за кој на 05.12.2019 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Полициски службеници од СВР Битола на 12.12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека две возила биле нерегистрирани, еден возач зборувал на мобилен телефон, други двајца возачи не користеле сигурносен појас, а под дејство на алкохол биле седум возачи и тие се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 12.12.2019 во 12.00 часот во СВР Скопје, В.П.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 12.12.2019 во 20:17 часот И. С. пријавила дека на ул.„Мирослав Крлежа“ во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close