0_Македонија.ПорталПолитика

МВР Билтен

На 12.12.2019 во 03.00 часот на Граничен премин „Деве Баир“ биле лишени од слобода А.О.(46) и А.Е.(55) и двајцата од Р.Турција, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“ - зелен картон.

Скопје, 12 декември 2019 (МИА) – На 12.12.2019 во 03.00 часот на Граничен премин „Деве Баир“ биле лишени од слобода А.О.(46) и А.Е.(55) и двајцата од Р.Турција, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“ – зелен картон.

МВР денеска соопшти дека тие биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 11.12.2019 во 21.20 часот во Полициска станица Гостивар, врз основа на судска наредба е приведен Б.Д.(22) од Гостивар, кој бил осуден за издржување казна затвор во Казнено-поправна установа „Тетово“ за сторено кривично дело „изнуда“. Б.Д. бил спроведен во КПУ „Тетово“, во Тетово за издржување на казната.

На 12.12.2019 околу 01.15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.С.(24) од село Голема Речица, тетовско, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола од на 11.12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување на првенство. Притоа, стои во соопштението од МВР, констатирано е дека тројца возачи управувале возило без возачка дозвола, две возила биле нерегистрирани, еден возач зборувал на мобилен телефон, а други двајца возачи не користеле сигурносен појас. Под дејство на алкохол биле тројца возачи и истите се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

На 11.12.2019 во 13.18 часот било пријавено дека на патот Битола – Ресен, на мостот кај село Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу запрено товарно возило „ман Ф200“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ц.Т.(34) село Ботун, општина Дебарца и патничко моторно возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.И.(40) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.И., по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 11.12.2019 во 19.10 часот во СВР Скопје, В.В.(42) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот во домот бил вратен неговиот татко С.В.(75) од Скопје, за кого на 10.12.2019 било пријавено дека се оддалечил од домот.

На 11.12.2019 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.М.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Фредерик Шопен“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 11.12.2019 во 18.40 часот во Полициската станица Центар М.И.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Топаанска“ неговиот 13-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака. цр/

Back to top button
Close
Close