ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 27 април точно во 00.00 часот, за време на ограничено движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Финска“ го лишиле од слобода К.М.(19) од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 28 април 2020 (МИА)На 27 април точно во 00.00 часот, за време на ограничено движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Финска“ го лишиле од слобода К.М.(19) од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.04.2020 во 17.47 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Драган Стопаревиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(47) од Куманово и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

На 27.04.2020 год. во 07.30 часот во Полициската станица Аеродром Р.Д.(61) од Скопје, пријавил дека на ул.„Симеон Кавракиров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 27.04.2020 во 17.50 часот на ул.„Шаин маале“ во Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која Д.М.(36) од Радовиш, управувајќи мопед „јонвај“, со радовишки регистерски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој е пренесен во Клинички центар Штип, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

На 27.04.2020 во 09.45 часот во Полициската станица Центар С.Ѓ.(75) од Скопје пријавила дека на ул.„Франклин Рузвелт“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога. оџ/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close