ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 26 април 2020 во 17.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, А.Н.(47) од Скопје, управувајќи моторцикл „пијаџо Х10 350“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во оградата од автопатот и паднал. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје, 27 април 2020 (МИА)На 26 април 2020 во 17.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, А.Н.(47) од Скопје, управувајќи моторцикл „пијаџо Х10 350“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во оградата од автопатот и паднал. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 26 април 2020 во 19.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје, на крстосница на ул.„Цветан Димов“ со ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, за време на ограничено движење, биле приведени Џ.А.(39) од с.Мојанци, скопско, и П.И.(26) од Скопје, кои агресивно се однесувале кон полициски службеници. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 26 април 2020 во 11.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, К.Г. од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник во пределот на ногата.

На 26 април 2020 во 10.00 часот во Полициската станица Кичево, од Медицинскиот центар Кичево било пријавено дека кај нив бил донесен повреден З.Ч.(36) од Берово, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фирма.

На 26 април 2020 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба К.Ш.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Карл Хрон“, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната рака. см/

Back to top button
Close
Close