ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Вчера во 15 часот во Шуто Оризари од слобода е лишен О.М.(45) од Скопје бидејќи кај истиот е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА)Вчера во 15 часот во Шуто Оризари од слобода е лишен О.М.(45) од Скопје бидејќи кај истиот е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 2 февруари 2021 година во 23:45 часот на на подрачје на Полициска станица Ѓорче Петров, лишeн e од слобода И.А.(24) од Скопје бидејќи кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во во 00.45 часот на подрачје на Полициска станица Карпош, лишeна e од слобода С.С.(25) од Скопје бидејќи кај неа е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата од ОВР Прилеп вчера, привела три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби“. На 3 февруари 2021, по претходно преземени оперативни мерки а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Лицата се сомничат дека се извршители на две кривични дела “тешка кражба” извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари. По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица. Во текот на денешниот ден (04.02) лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.

Вчера во 18.30 часот во село Ваксинце  по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени шест мигранти од Пакистан. При извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми. Сите лица се приведени за понатамошна постапка.

Вчера во 10.00 часот на локален пат за село Добрашинци, струмичко се случила сообраќајна незгода во која А.К. (40) од село Дрвош управувајки моторно возило „ауди А4“ со струмички регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, кој е пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Вчера во 11.50 часот во Полициска станица Центар, М.В.(25) од Битола, пријавила дека на  улица „50-та Дивизија“ во Скопје била касната од куче скитник. 

Вчера во 19.05 чaсот во Полициска станица Гази Баба, Ј.М.(42) од Скопје пријавила дека на улица „Гемиџиска“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. ар/

 

Таг
Back to top button
Close
Close