0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје на 1 февруари во 23:00 часот, го лишиле од слобода Д.К. (30) на локалниот пат Ржаничино – Катланово, за поседување на марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 2 февруари 2021

Полициски службеници од СВР Скопје на 1 февруари во 23:00 часот, го лишиле од слобода Д.К. (30) на локалниот пат Ржаничино – Катланово, за поседување на марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 1 февруари во 15:45 часот К.Н.(28) од Струга, бил лишен од слобода од полициски службеници кои при претрес пронашле марихуана. Тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје на 1 февруари ги приведоа Б.В. (29) и С.Ј.(30), двајцата од Прилеп, по пријава дека околу 13.30 часот извршиле тешка кражба во стан на ул.„Никола Парапунов“. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и крадците се приведени, а по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Лицето Е.А. (36) од Скопје било лишено од слобода на 1 февруари од страна на полициски службеници од СВР Скопје, при извршување на разбојништво во аптека на булеварот „Видое Смилевски Бато“,“, при што со закана од вработената одзел сеф со пари. Е.А. бил приведен во полициска станица заедно со одземените предмети и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ на 1 февруари околу 18:30 часот пријавил во СВР Тетово дека во кругот на установата било пронајдено ќесе со марихуана. Ќесето било подигнато за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 2 февруари околу 02:45 часот на улица „Бранислав Нушиќ“ во Скопје полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје го лишиле од слобода В.Г.(29) од Скопје, затоа што се барал со потерница за издржување казна затвор од три години. В.Г. бил спроведен во КПУ „Затвор – Идризово“, за издржување на казната.

С.Б. (54) од Скопје на 1 февруари во 13:00 часот, пријавила напад од бездомно куче во Полициската станица Аеродром.

На подрачјето на Тетово, на 1 февруари при сообраќајни контроли, биле откриени и санкционирани 39 различни видови прекршоци. Најголемиот број од прекршоците (23) се однесувале на непрописно паркирање, а седум на неприлагодена брзина според условите на патот. Покрај ова, биле санкционирани и две лица кои управувале возило без положен возачки испит, како и други прекршоци, а времено било одземено и едно патничко моторно возило, поради истечена регистрација повеќе од шест месеци.

На 1 февруари во 09:20 часот на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото с.Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(59) од Струга и товарно возило „форд“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од струшкото с.Драслајца. Во незгодата, возачот А.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Лицето С.П. (67) од Скопје на 1 февруари во 14:40 часот пријавило напад од бездомно куче во Полициската станица Гази Баба. ки/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close