Некатегоризирано

МВР Билтен

Синоќа во 21 часот на ул. “Душко Поповиќ“ во населбата Бутел полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Љ.(34) и М.Љ.(45) двајцата од Скопје, кои со возило „шкода“ се движеле и покрај воведената забрана за движење од Владата на РСМ, а употребиле и недозволени средства т.н. флешери, кога полициските службеници им дале наредба за запирање. Двајцата биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје, 5 април 2020 (МИА)Синоќа во 21 часот на ул. “Душко Поповиќ“ во населбата Бутел полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Љ.(34) и М.Љ.(45) двајцата од Скопје, кои со возило „шкода“ се движеле и покрај воведената забрана за движење од Владата на РСМ, а употребиле и недозволени средства т.н. флешери, кога полициските службеници им дале наредба за запирање. Двајцата биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Синоќа во 21,30 часот во Полициската станица Неготино С.Ј.(47) од село Криволак пријавил дека во нивниот дом дошол А.Н. и физички ја нападнал неговата сопруга С.Ј. и држејќи нож во раката упатил закани и кон С.Ј. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера, во 14,00 часот во Полициската станица Струга Е.П.(43) од Куманово пријавил дека околу 12,30 часот додека бил во хотел во Струга, каде бил вработен како домар, забележал две непознати лица како земале старо железо кое се наоѓало покрај хотелот. Потоа едно од лицата  го нападнало со метален предмет. Се работи на расчистување на случајот.

Завчера во 22,30 часот во СВР Штип 37-годишна жена од село Прналија општина Карбинци пријавила дека околу 08,00 часот во село Прналија дошол нејзиниот сопруг С.Н. со возило и насилно ја внел во него па заминале кон село Јонузлија, по што физички ја нападнал. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во СВР Велес било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во црквата “Св.Пантелејмон“ во Велес. Имено сторителот насилно ја отворил споредната врата, по што одзел пари и свеќи. Се работи на расчистување на случајот.скс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close