0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 01.04.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Ц.(21) од с.Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32) од с.Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – На 01.04.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Ц.(21) од с.Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32) од с.Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Б.(49) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило И.Б.(53), од с.Заграчани, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

На 01.04.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар, при извршен преглед кај Е.А.(31) од Скопје, пронашле нож на расклопување и радио станица. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 01.04.2020 во 17.30 часот во Клиничката болница Тетово бил донесен повреден Б.Ј.(26) од с.Буковиќ, скопско, кој спред пријавеното, се самоповредил во пределот на ногата со пиштол што го поседувал без дозвола. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.04.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром С.К.(44) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога. вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close