ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 20.09.2020 во 18:50 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.П.(51) од Р.Албанија бидејќи при увид и контрола во албанска патна исправа било констатирано дека некои од оригиналните страници биле отстранети, а на нивно место биле вметнати други фалсификувани страни. За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.

Скопје, 21 септември 2020 (МИА) –  На 20.09.2020 во 18:50 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.П.(51) од Р.Албанија бидејќи при увид и контрола во албанска патна исправа било констатирано дека некои од оригиналните страници биле отстранети, а на нивно место биле вметнати други фалсификувани страни. За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.

На 20.09.2020 во 12:00 часот на наплатна станица „Отовица” во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил местото на настанот. Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го лишиле од слобода С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 лица-мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија. За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг. С.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.09.2020 околу 02:00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица-мигранти и го напушта местото. Возилото било сопрено во с.Воиновиќ, кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес. Мигрантите се предададени во Транзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2020 во 18:50 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С. од с.Ново Село, општина Боговиње, во кое сопатници биле Е.С.(19) од с.Ново Село, Њ.Л.(18) од с.Мала Речица и 16-годишна малолетничка од Тетово, патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. од с.Палатица, во кое сопатник бил малолетник од с.Палатица и патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(38) од Тетово. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 16 годишната сопатничка од возилото „опел корса“, која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Останатите учесници во незгодата се здобиле со трелесни повреди и им била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

На 20.09.2020 во 18:10 часот на локалниот пат кај с.Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци – малолетници од с.Челопеци, кичевско. По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

На 21.09.2020 околу 05:15 часот во близина на угостителски објект во с.Зајас, кичевско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од с.Брвеница, тетовско, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А и сопатничката М.А.(24) од с.Брвеница кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. дма/

Back to top button
Close
Close