0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 28 март 2020 во 14.10 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, во Полициска станица Кочани бил приведен Г.И.(32) од Кочани, поради агресивно однесување и физички напад врз полициски службеници при вршење на редовни работни задачи од областа на сообраќајот.

Скопје, 29 март 2020 (МИА)На 28 март 2020 во 14.10 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, во Полициска станица Кочани бил приведен Г.И.(32) од Кочани, поради агресивно однесување и физички напад врз полициски службеници при вршење на редовни работни задачи од областа на сообраќајот. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28 март 2020 во 16.20 часот на ул.„К. Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.Џ.(35) и Е.Џ.(34), и двајцата од Прилеп, кои биле затекнати по извршување на кривично дело „кражба“ и кај нив биле пронајдени метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од стореното од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28 март 2020 во 16.30 часот на крстосницата на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ со ул.„Никола Карев“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода В.И.(53) од Скопје, поради непочитување на забраната за движење во време на „полициски час“ и нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници при вршење на службени дејства. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

На 28 март 2020 во 11.30 часот во Полициска станица Крива Паланка, С.Т.(57) од Куманово, вработен во Агенција за храна и ветеринарство, пријавил дека околу 09.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“ забележал дека била оштетена таблата со државното име поставена на објектот од Агенцијата за храна и ветеринарство на граничниот премин. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close