0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 11.09.2020 во 21,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“, ги лишиле од слобода А.Б.(46) и Е.Ф.(37), двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – На 11.09.2020 во 21,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“, ги лишиле од слобода А.Б.(46) и Е.Ф.(37), двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Е.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот на 09.09.2020 околу 18,45 часот на улицата “Филип Втори Македонски” во Битола извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец. По преземените мерки и активности О.Е. бил пронајден и приведен.

На 11.09.2020 во 11,00 часот било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.В.(56) од Битола и товарно моторно возило-влекач “ман“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Г.Н.(43) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.В. и сопатничка од истото возило С.В.(54), а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка на возраст од 15 години, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес.

На 11.09.2020 во 20,30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје во Република Северна Македонија како депортирано лице допатувал Џ.А.(34) од Скопје. По извршените пасошки и оперативни проверки утврдено било дека евидирал со мерка „апси“, по наредба од Основен Суд Скопје-1. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за спровод во КПУ-Затвор Идризово.

На 11.09.2020 во 19,40 часот било пријавено дека во с.Aрачиново-скопско патничко моторно возило „цитроен ц-2“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Б.(19) од с.Арачиново удрило во малолетник. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.09.2020 во 14,00 часот на ул.“Aцо Шопов“ од полициски службеници од СВР Скопје бил пронајден Н.А.(22) од с.Никиштани-скопско кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од домот.

На 11.09.2020 во 17,58 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано ,,ливатски пат“, атар на с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Г.(32) од с.Спанчево и товарно моторно возило ,,фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Н.С.(26) од с.Спанчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило З.С.(39) констатирани во ЈЗУ-Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

На 11.09.2020 во 11,45 часот во Полициската станица Драчево С.К.(54) од Скопје пријавила дека на место викано Три Круши во село Драчево била касната од куче скитник.

На 11.09.2020 во 11,00 часот во Полициската станица Aеродром Д.А.(62) од Скопје, пријавил дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ бил каснат од куче скитник.

На 11.09.2020 во 16:13 часот било пријавено дека кај мост во село Истибања, Виница, во реката Брегалница влегол 14-годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, да се капе, но набргу се удавил. На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт. По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството. миа/миа/

Back to top button
Close
Close