0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 11 часот во село Сопиште го лишиле од слобода Т.Ѓ.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 11 часот во село Сопиште го лишиле од слобода Т.Ѓ.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 1 часот, полициски службеници од Полициската станица Михајлово во село Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, при контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, пронашле ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и др.. Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 14:20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–ХЕЦ „Козјак“, во атар на с.Батинци, патничко моторно возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(50) од с.Алдинци, скопско, удрило во пешакот А.З.(80) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 19 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Кадрифаково – Штип, кај населба Три чешми, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(47) од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.В.(42) од Штип констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Вчера во 21:45 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„11-ти Октомври, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(29) од Скопје и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На Кеј „Димитар Влахов“,вчера поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, од слобода бил лишен К.О.(46) од Р.Турција. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Вчера во 6:42 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на ул.„Билбилкамен“ во Битола помеѓу патничко возило марка „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од с.Воѓани, општина Кривогаштани, и велосипед управуван од Р.С.(53) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Вчера во 22 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.М.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Јани Лукровски“ била касната од куче скитник.

Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Центар, Р.У.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Охридска“ била касната од куче скитник.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле технички неисправни, 10 возила бидејќи биле нерегистрирани, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, пет возачи бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, еден возач поради поминување на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престигнување и 45 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. бк/

Back to top button
Close
Close