ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 08.09.2020 во 17,15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(24) од с.Манастирец-Росоман и патничко возило марка „хонда“со битолски регистерски ознаки, управувано од П.Ј.(37) од Битола.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – На 08.09.2020 во 17,15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(24) од с.Манастирец-Росоман и патничко возило марка „хонда“со битолски регистерски ознаки, управувано од П.Ј.(37) од Битола.

Во незгодата, соопштија денеска од МВР, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 08.09.2020 во 13,50 часот во Полициската станица Аеродром Д.Ч.(42) од Скопје, пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 08.09.2020 година во 13,30 час. Полициската станица Драчево Т.Н.(25) од Скопје пријавил дека на место викано “Три Круши“ во с.Драчево бил каснат од куче скитник.

Во текот на 07 и 08.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се 11 возила бидејќи биле нерегистрирани, 23 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, шест возачи бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, четири возачи поради управување на возила со брзина поголема од дозволената, четири возачи бидејќи поминале на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци и 41 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.

На 08.09.2020 во 20,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с.Теново, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од с.Милетино удрило во Г.М.(61) од с.Радиовце. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close