0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од Полициската станица Штип завчера ги лишиле од слобода И.Р.(26) и С.Д.(28), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што против И.Р. и С.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Полициски службеници од Полициската станица Штип завчера ги лишиле од слобода И.Р.(26) и С.Д.(28), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што против И.Р. и С.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.

На автопатот А1 Удово – Демир Капија, во тунелот Т2, синоќа се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(24) од Скопје, се превртелo, при што возачот се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Извршен е увид на местото на настанот.

К.С.(29) од светиниколското село Горно Црнилиште вчера во Полициската  станица Свети Николе пријавил дека околу 07.40 часот покрај чешмата во селото  неговиот сосед И.Т. со два истрели од воздушна пушка му нанел повреди на неговото куче. Извршен бил увид на местото и по комплетирање на случајот против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје,  ноќеска во 03:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Д. (полициски службеник) затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, по што е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.

Во атар на с.Ветерско, велешко, покрај стариот пат Велес – Скопје, вчера бил пронајден починат М.Г.(65) од с.Ржаничино – Петровец, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 2 јуни годинава. Бил извршен увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје.

М.П.(73) од Скопје вчера во 12:45 часот пријавила дека околу 12.00 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била физички нападната од С.М.. Се работи на расчистување на случајот.

Во полицијата ноќеска во 00:30 часот  било пријавено дека на ул.„376“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.И.(38) и Б.И.(26), двајцата од Скопје. Направени се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во СВР Струмица завчера во 01.15 часот  А.В.(50) од Струмица пријавил дека двајца малолетници, кои ги превезувал со неговото такси возило, со закана со остар предмет му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје изутрината во 03.50 часот вА.С.(22) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на крстосница од ул.„Димитар Благоев“ со ул.„Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари, мобилен телефон и рачен часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.лв/

Back to top button
Close
Close