0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 27 март 2020 во 11:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во трговски центар на бул.„Партизански одреди“ непознато лице со закана со нож одзело пари од вработената Т.Д.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје, 28 март 2020 (МИА) На 27 март 2020 во 11:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во трговски центар на бул.„Партизански одреди“ непознато лице со закана со нож одзело пари од вработената Т.Д.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27 март 2020 година во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во трговски центар на бул.„Јане Сандански“, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработената Е.П.(48) од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27 март 2020 во 22:53 часот во СВР Куманово, Ј.М. од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот, во дом во населба „Карпош“ во Куманово, сопственост на А.И. од Куманово, која била негова познаничка, две непознати лица врз него вршеле полови дејствија, додека А.И. снимала со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27 март 2020 во 16:15 часот во СВР Куманово, Б.А.(60) од Куманово пријавила дека нејзината внука С.А.(19) се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27 март 2020 во 09.15 часот во СВР Скопје, Р.Ѓ. пријавила дека во периодот од 13:00 часот на 26 март 2020 до 09:00 часот на 27 март 2020, непознато лице насилно влегло во простории од училиште на ул.„Мирче Ацев“ во Скопје и одзело технички уреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27 март 2020 во 17:35 часот во СВР Скопје, Љ.С.(34) од Скопје пријавил дека околу 17.15 часот пред продажен објект во населба Волково бил физички нападнат од А.Г. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26 март.2020 во 18.34 часот во СВР Скопје, Д.Х.(20) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека во 11.30 часот на влез во с.Морани, скопско, поради претходно несогласување бил физички нападнат од А.Г.(21) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗПП ЈРМ.

На 27 март 2020 во 19.45 часот во СВР Битола, А.П.(18), кој дошол заедно со неговиот татко А.П.(56) од Битола, пријавил дека во 18.00 часот пред месна заедница на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Битола бил физички нападнат од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28 март 2020 во 08.20 часот во СВР Струмица, Б.А.(60) од Струмица пријавил дека неговата ќерка Р.А.(17) се оддалечила од домот, а нешто подоцна телефонски го известила дека заминала со А.Д. од Струмица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27 март 2020 во 11.17 часот во Полициска станица Прилеп, И.Џ.(20) од Прилеп пријавил дека на ул.„Гостиварска“ во Прилеп настанал пожар, при што била опожарена разводна табла со електрични броила, сопственост на ЕВН Македонија. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Прилеп. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

На 27 март 2020 во 23.30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Медицински центар Гостивар бил донесен Ј.Ј.(34) од с.Зубовце, општина Врапчиште, кој се повредил додека извршувал работни задачи во фабрика на ул.„ЈНА“ во Гостивар, при што се здобил со тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар, а за настанот е запознаен Јавен обвинител и Трудов инспектор

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close