ХроникаХроника.Портал

МВР билтен

Скопје, 5 септември 2020 (МИА) – На 04.09.2020 околу 20 часот било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп С.С. (39) од Прилеп, управувајќи машина за сечење дрва „аран“ удрил во ѕид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил С.С. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

На 04.09.2020 околу 13.00 часот на автопатот Скопје-Штип, во автобус „даф“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(56) од Штип, во кој немало патници настанал пожар во делот кај моторот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Свети Николе. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Свети Николе.

На 04.09.2020 по претходно издадена судска наредба од Основен суд Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик од полициски службеници од Полициска станица Кичево бил извршен претрес во дом и помошни простории на ул.„Ј.Михајлоски“ во Кичево во сопственсот на Ф.Б.(23), при што била пронајдена марихуана и зипер кеси. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.09.2020 во 20.30 часот на магистрален пат Радовиш-Штип во близина на раскрсница за с.Бучим патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М(41) од с.Огњанци-Петровец, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и бил пренесен во Клинички центар Штип. Известене јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Back to top button
Close
Close