0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен

Скопје, 28 март 2020 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 16:30 часот на ул.„Радика“ ги лишиле од слобода Ј.К.(27) и Б.Р.(30), и двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 16:30 часот на ул.„Радика“ ги лишиле од слобода Ј.К.(27) и Б.Р.(30), и двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13 часот во Полициската станица Центар В.С.(25) од Скопје пријавила дека на паркинг кај МЕПСО во Скопје била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Во СВР Скопје, В.С.(59) од Скопје вчера пријавил дека истиот ден во 7:20 часот пред објект на трафостаница на ул.Перо Наков, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од Б.Ѓ. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗПП ЈРМ.

Вчера во 21:10 часот во СВР Охрид, К.С.(43) од Охрид пријавила дека на ул.„Партизанска“ во Охрид, околу 20 часот, била физички нападната од Л.Н.(56) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бк/бак/

Back to top button
Close
Close