ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 17.08.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 18 август 2020 (МИА)На 17.08.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, го лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.08.2020 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Веле Марков“, го лишиле од слобода Р.В.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.08.2020 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба, го лишиле од слобода Е.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.08.2020 во 09.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„23 Октомври“, пред крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.М.(67) од Скопје, удрило во пешакот П.Ч.(85) од Скопје. Во незгодата П.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.08.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Втора македонска бригада“, мотоцикл „пијаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(42) од Скопје, паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.08.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Ристо Чадо“ мопед „лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ.(68) од Охрид. Б.Ѓ. била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

На 17.08.2020 во 09.00 часот во Полициската станица Кисела Вода С.М.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ била касната од куче скитник.

На 17.08.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив била донесена Ф.Д.(70) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди во маркет на ул.„Козле“, додека се движела со електричниот ескалатор. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот.

На 17.08.2020 во 11.43 часот во Полициското одделение Петровец В.К.(40) од Скопје пријавил дека во нас.„Илинден“ бил каснат од куче скитник.

Во текот на 17.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се шест возила бидејќи биле нерегистрирани, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, седум возачи затоа што управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, а 44 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. мс/

Back to top button
Close
Close