ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 15 август 2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Скопје, 16 август 2020 (МИА)На 15 август 2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16 август 2020 во 00.35 часот во близина на хотел во с.Калишта, струшко, полициски службеници од Полициска станица Струга го лишиле од слобода Д.М.(22) од Штип, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16 август 2020 во 00.50 часот на ул.„Прашка“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(21) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени таблетки со жолта боја и втиснато лого. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15 август 2020 во 20.20 часот на Средно Водно во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.О. и М.Ф., двајцата од Р.Турција, како и М.Т. од Кипар, затоа што во возилото во кое се превезувале била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15 август 2020 во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки. Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од с.Визбегово, скопско. При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти (79 од Пакистан и едно од Еритреја). Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.

На 16 август 2020 година во 01,40 часот, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила: „цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, „голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре. Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило: М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Општа болница Охрид, каде биле пренесени, и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „голф“, додека по укажаната лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид. На местото на незгодата увид извршија Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

На 15 август 2020 во 22.30 часот на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „бенели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ш.(35) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(23) од с.Орланци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Ш., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 15 август во 00.10 часот на ул.„Ј.Јосифовски“ во Гевгелија бил пронајден Р.А.(10), кој бил во друштво на неговиот брат Р.А.(19) од Кавадарци, за кој од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Кавадарци во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека се оддалечил од домот. Во 02.20 часот малолетникот бил предаден на старателот.

На 15 август 2020 во 14.33 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Сирула настанал пожар во кој била зафатена шума. Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Охрид. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 16 август 2020 околу 02.30 часот на ул.„Иван Манолев“ во Скопје, додека вршеле мотопатролна дејност, полициски службеници забележале дека настанал пожар во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост Е.Д. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Back to top button
Close
Close