ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул.,,Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле.

Скопје, 14 август 2020 (МИА) – На 14.08.2020 во 01.20 часот на ул.,,Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле.

Од МВР денеска информираа дека од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. К.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода И.У.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доцна синоќа во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода и С.И.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во денешното соопштение од МВР стои дека синоќа во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Карпошово востание“ го лишиле од слобода Д.Ј.(29) од Охрид, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и метална дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.08.2020 околу 18.30 часот на ул.„Петре Прличков“ во Велес полициски службеници ги лишиле од слобода С.С.(48), В.М.(48) и И.П.(37) од Кавадарци и Ѓ.М.(31) од Велес, затоа што при контрола на автомобил „мерцедес“, со кавадаречки регистарски ознаки, пронашле предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражби“. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.08.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на место викано „Леговец“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело. Во незгодата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

На 13.08.2020 во 17.46 часот било пријавено дека пред влезот на железничка станица Тетово, поточно од стојалиштето Ратае кон железничка станица Тетово, на патен премин, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево удрил во патничко возило „цитроен“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале две лица, кои се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Тетово. За време на вршење увид, во периодот од 17.46 до 20.55 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин.

На 13.08.2020 во 12.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.08.2020 година во 07.25 часот, на ул.„15 Корпус“ во Охрид патничко возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(23), од охридското село Лескоец, удрило во велосипед „VILLIGER“, управуван од Ж.Т.(76) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид бил извршен.

На 13.08.2020 во 13.10 часот во Полициската станица Центар, Е.Р.(64) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.

На 13.08.2020 во 10.10 часот на ул.„Прва македонска ударна бригада“ во Струга, товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(41) од Битола, удрило во пешакот М.Ј.(63), од струмичкото село Куклиш. Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што била пренесена за укажување лекарска помош. Увид бил извршен.

Во текот на 13.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле нерегистрирани, еден возач затоа што управувал возило со брзина поголема од дозволената, еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување и 57 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close