ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ синоќа во 20.00 часот, го лишиле од слобода Н.А.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марухуана.

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ синоќа во 20.00 часот, го лишиле од слобода Н.А.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марухуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

На 11.08.2020 во 08.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ и улиците „Тодор Александров“, „Белградска и „Ацо Караманов“, патничко возило „пежо 207“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Х.М.(44) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.08.2020 во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба Д.К.(35) од Скопје пријавил дека во нас.Ќерамидница, покрај кејот на р.Вардар, бил каснат од куче скитник.

На 11.08.2020 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Кадино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје. На местото на незгодата дд лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.08.2020 во 14.05 часот во Полициската станица Центар В.М.(50) од Скопје пријавила дека на кеј „13 Ноември“ била касната од куче скитник.

Во текот на 11.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се четири возила бидејќи биле нерегистрирани, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, осум возачи затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената, еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Back to top button
Close
Close