ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов“ синоќа во 22.10 часот го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марухуана.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов“ синоќа во 22.10 часот го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марухуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

Синоќа во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ го лишиле од слобода Р.И.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.08.2020 во 22 часот во СВР Охрид биле приведени и лишени од слобода Д.Н.(24) и Г.Л.(26), двајцата од Скопје. При обид за преглед во близина на спортско игралиште во Охрид, тие почнале да бегаат од полициските службеници, по што еден од нив, исфрлил опаковка со таблетки. Таблетите, стои во соопштението од МВР, се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.08.2020 во периодот од 17.30 до 18.05 часот, по претходна наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во дом и други помошни простории каде што живее К.П.(48) од Гостивар. При претресот биле пронајдени кутија со семки, повеќе таблетки, крушум и дробилка, кои се одземени за вештачење. К.П. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка, при што ќе следи и соодветен поднесок.

На 10.08.2020 во 21.00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, четирицикл „линај“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М.(34) од Гостивар удрил во пешак А.С.(83) од Гостивар, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. По овластување од Јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 10.08.2020 во 10.40 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека во Итната медицинска помош Демир Хисар бил донесен Т.А.(33) од с.Долно Јаболчиште, кој се здобил со повреди при пад од трактор. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 10.08.2020 во 22.10 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Димитрие Чуповски“, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(38) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од Струга. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.08.2020 во 03.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (зелена карта), бил лишен од слобода А.С.(44) од Р.Турција и бил предаден за понатамошна постапка на полициски службеници од ОВР Крива Паланка.

На 10.08.2020 во 06.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосницата од улиците „Браќа Миладинови“ и „Плачковички одред“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со винички регистарски ознаки, управувано од М.А.(63) од Виница и мопед „томос“, управуван од В.Ѓ.(61) од Виница. Во незгодата В.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител увид е извршен од увидна екипа од Полициска станица Виница.

На 10.08.2020 во 15.40 часот било пријавено дека во близина на с.Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во р.Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал. Во 19.15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 11.08.2020 во 03.15 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (зелена карта), бил лишен од слобода К.Х.(49) од Р.Турција и бил предаден за понатамошна постапка на полициски службеници од ОВР Крива Паланка.

Во текот на 10.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close