0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од СВР Скопје на бул. „Партизански одреди“ вчера во 18.15 часот, го лишиле од слобода Г.В.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

Скопје, 7 август 2020 (МИА)Полициски службеници од СВР Скопје на бул. „Партизански одреди“ вчера во 18.15 часот, го лишиле од слобода Г.В.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера утрото во 09.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип, во атар на село Три чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(30) од Скопје и патничко возило „форд ка“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(49) од Виница.

Во незгодата Н.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

На Граничниот премин Табановце, на влез во Република Северна Македонија вчера во 11.30 часот при контрола на патничко возило „форд“, со германски национални ознаки, управувано од К.К. (60), државјанин на Република Грција, било констатирано дека сообраќајната дозвола за возилото била фалсификувана, односно било извршено бришење на податоци.

К.К. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле нерегистрирани, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач поради управување на возило под дејство на алкохол, еден возач поради поминување на црвено светло и двајца возачи поради неправилно престигнување, а 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак. сст/

Back to top button
Close
Close