ХроникаХроника.Портал

МВР-билтен

 На 04.08.2020 во 00.30 часот на бул.„Кочо Рацин“, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода М.Л.(19) од Скопје, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – На 04.08.2020 во 00.30 часот на бул.„Кочо Рацин“, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода М.Л.(19) од Скопје, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.08.2020 околу 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Богојци, струшко, К.А.(49) од с.Богојци, се повредил сечејќи дрва. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде што им подлегнал на повредите. Увид извршила екипа од Полициска станица Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

На 03.08.2020 во 14.37 часот на пат од место викано „Гумење“ кон езеро во Крушево се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Ж.Т.(35) од с.Врбовец, крушевско, удрил во паркирано патничко возило „рено“, со битолски регистарски ознаки. Во незгодата Ж.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата Болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициска станица Крушево.

На 03.08.2020 во 18.30 часот, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешак М.Т.(58) од Охрид. М.Т. била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите. На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

На 03.08.2020 година во 22.20 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола мопед марка „ап-6“, управуван од 17-годишник, удрил во паркирано моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник на мопедот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на незгодата.

Во периодот од 20.00 часот на 01.08.2020 год. до 02.00 часот на 02.08.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес спроведена контрола на мотоцикли, при што се констатирани 12 прекршоци во Велес, три во Кавадарци и 12 во Неготино и истите се санкционирани со соодветни пријави.

На 03.08.2020 год. Во СВР Велес било пријавено дека на плоштад „Којник“ во Велес деветгодишно дете било каснато од куче скитник во пределот на десната нога.

Во текот на 31.07., 01/02/03.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се седум возила, бидејќи биле нерегистрирани, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возачи поради поминување на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на пешаци и еден пешак поради сторен прекршок, а 45 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. мд/

Back to top button
Close
Close