ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 03.08.2020 во 04.00 часот на ул. „Нов Живот“ од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Ш.С.(28) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја.

Скопје, 3 август 2020 (МИА) – На 03.08.2020 во 04.00 часот на ул. „Нов Живот“ од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Ш.С.(28) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.08.2020 во 18,18 часот во Полициска станица Ресен од Итна медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16 годишен малолетник од Ресен. Од надлежните служби се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

На 02.08.2020 околу 19,25 часот на крстосница од ул.„9-та“ и ул.„10-та“ во Ресен, В.М. (23) од Ресен управувајќи моторцикл „јуинг“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола над моторциклот и паднала. В.М. се здобила со тешки телесна повреда констатирана од доктор во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. цр/

Back to top button
Close
Close