ХроникаХроника.Портал

МВР билтен

А.Г.(31) од Гевгелија вчера во 14:30 часот е лишена од слобода на базен во Гевгелија, бидејќи не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Скопје, 3 јули 2020 (МИА)А.Г.(31) од Гевгелија вчера во 14:30 часот е лишена од слобода на базен во Гевгелија, бидејќи не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат. По комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик. Известен е Јавен обвинител, а лицето било спроведено во државен карантин.

Ѓ.Г.(59) од Прилеп, управувајќи патничко возило „фолксваген венто“ со прилепски регистарски ознаки на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, што била пријавена вчева во 16:40 часот, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Вчера во 21:45 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Ѓорче Петров“, О.П.(57) од Скопје, превезувајќи се во автобус кој сообраќал на линија број 11, при тргнување на автобусот паднала и се повредила. Во незгодата се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што била пренесена за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

К.Ј.(64) од Охрид вчера околу 11:00 часот паднал во провалија во охридското село Велестово, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

С.И.(56) од Битола вчера во 11:50 часот во СВР Битола пријавил дека при чистење во дворното место од неговата куќа, пронашол рачна бомба M 75 од JНА. Од страна на пиротехничар, истата била безбедно подигната.

М.Љ.(41) од село Сопот, кумановско, вработен во каменолом, вчера во 20:50  во Полициската станица за граничен надзор Сопот пријавил дека при извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ. Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

На подрачјето на СВР Скопје вчеера се санкционирани двајца возачи бидејќи поминале на црвено светло, еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило, а 32 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Вчера во 13:00 часот било пријавено дека на место викано „Бабуна“, на патниот правец Велес-Градско, се судриле два велосипеда управувани од двајца 14-годишници од Велес. Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес. вј/

Back to top button
Close
Close