ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 25.06.2020 во 14,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на средно Водно на патот за Нерези, ги лишиле од слобода М.Ј.(32) и Д.Ј.(37) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – На 25.06.2020 во 14,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на средно Водно на патот за Нерези, ги лишиле од слобода М.Ј.(32) и Д.Ј.(37) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, информираа денеска од МВР, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.06.2020 во 22,20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк, го лишиле од слобода М.М.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.06.2020 во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“, ги лишиле од слобода А.Н.(34) и А.П.(44) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.06.2020 во 15,40 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко моторно возило „фоклсваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрило во пешакот Џ.И.(35) од село Слатино. Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

На 25.06.2020 во 13,30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат с.Јелошник-с.Глоѓи, на место викано „Црвеница“ атар на село Глоѓи, Љ.С.(53) од с.Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.

На 25.06.2020 во 11,00 часот во Полициската станица Центар С.Д.(71) од Скопје, пријавил дека на Кеј“13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник.

Во текот 25.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се едно возило бидејќи било нерегистрирано, двајца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи бидејќи поминале на црвено светло, еден возач поради недавање на првенство на минување на пешаци, еден пешак поради сторен прекршок и 49 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Back to top button
Close
Close