ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА)

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на булевар “Партизански oдреди“, го лишиле од слобода Т. Г. (19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица вчера околу 19:00 часот полициски службеници од СВР Струмица забележале товарно моторно возило „ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот. Во возилото полициските службеници пронашле 64 лица-мигранти сите од Бангладеш. Лицата се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, Р. Ј. од Скопје пријавил дека во сопствениот двор во населба Хиподром  при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неактивирана рачна бомба М-75(кашикара).Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Експлозивната направа е подигната од местото на настанот од Единицата за aнтитероризам при МВР за понатамошна постапка.

Вчера во 14:00 часот било пријавено дека во с.Горно Свиларе-скопско велосипед управуван од 13 годишник удрил во 11 годишен пешак двајцата од с.Горно Свиларе. Во незгодата со повреди се здобиле двете деца, по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.06.2020 во 11,30 часот било пријавено дека на влез на Клиничката болница Штип патничко моторно возило “Мерцедес Вито“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.С.(56) од Берово удрило во пешак Л.Б.(72) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Б. по што и била укажана лекарска помош во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Вчера во 00,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.„Широк Дол“ 14-годишник кој управувал моторцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот по што биле пренесени во Општата болница Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

На  22.06.2020 во 21,55 часот во Полициската станица Кисела Вода В.С.(46) пријавила дека на ул.“Козјак“ нејзината 13 годишна ќерка била касната од куче скитник.

Вчера во 15,40 часот во Полициската станица Аеродром И.С.(46) од Скопје пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

Во текот 22.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се шест возила бидејќи биле нерегистрирани, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач поради управување на возило под дејство на алкохол, еден возач бидејќи поминал на црвено светло, три пешаци поради сторени прекршоци и 38 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. аа/

Back to top button
Close
Close